Видео: Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

 Видео: Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Судирот започна во џамијата Ал Акса кога Палестинците со камења ја нападнаа израелската полиција, која одговори со гумени куршуми, водени топови и солзавец.

Судирите во близина на џамијата Ал Акса се последица на неколкудневните тензии во источен Ерусалим во областа Шеик Џара, каде живеат многу палестински семејства, кои се плашат од протерување.

Видеа од местото на настанот покажуваат дека верниците фрлале столици, камења и други предмети кон полицијата, која за време на интервенцијата упаднала во џамијата.

Израелската полиција соопшти дека била принудена да употреби сила со цел да воспостави јавен ред и мир кој бил нарушен од бунтот на илјадници верници, објави Би-Би-Си.

Претставници на џамијата преку звучници повикаа на смирување на ситуацијата, барајќи полицијата веднаш да престане да пука со гумени куршуми и солзавец кон верниците, а младите Палестинци да се смират и да престанат да протестираат, јави „Ројтерс“.

 

x