ВИДЕО: Трамп се огласи на Твитер – „Фатени се како носат огромен број ливчиња и ги ставаат во гласачките машини“

 ВИДЕО: Трамп се огласи на Твитер – „Фатени се како носат огромен број ливчиња и ги ставаат во гласачките машини“

Фатени се како носат огромен број на гласачки ливчиња и ги ставаат во „гласачките машини“ во Џорџија, објави на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп за време на сослушувањето во Сенатот на таа држава по повод тврдењата на неговиот тим дека имало изборни неправилности на претседателските избори.

Трамп додал и порака до гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп.

„Сјајна работа“, порачал Трамп, без дополнителни објаснувања.

Од тимот на Трамп на сослушувањето во Сентатот наведено е дека нерегуларни се повеќе од 140.000 гласови кои потекнуваат од 9 нелегални извори.

„Нелегално гласале 2.056 престапници, 66.248 помлади од 17 години, 2.423 лица кои воопшто не се регистрирани, додека 1.043 илегално го користеле поштенското сандаче. 4.926 гласале после регистрираниот датум за гласање во Џорџија, 10.315 починале пред да гласаат, 395 гласале во две држави, што гласовите ги прави неважечки, 15.700 иселени од Џорџија гласале во таа држава, а 40.279 го промениле округот и не се регистрирале повторно за гласање, а гласале“.

Трамп претходно објави снимка на која наводно се гледа како куфер полн со гласачки ливчиња бил изваден од под маса кога републиканските набљудувачи се оддалечиле од избирачкото место.

Гласовите во Џорџија повторно биле рачно пребројувани поради малата разлика меѓу двајцата кандидати, но Трамп тврди дека контролираните гласачки ливчиња не биле испратени преку пошта.