ВИДЕО: Три ракети кон амбасадата на САД во Багдад

 ВИДЕО: Три ракети кон амбасадата на САД во Багдад

Три ракети биле истрелани денеска кон американската амбасада во Багдад, соопштија ирачките власти.

Не е јасно дали има повредени, но беше потврдено дека е предизвикана материјална штета и уништени се неколку возила на паркингот во амбасадата, јави АП пренесувајќи изјава на службеник кој побарал анонимност.

Американската амбасада одговори со активирање на одбранбениот противракетен систем Ц-РАМ, поставен ова лето за да ги одбие се почестите обиди за ракета на американската дипломатска мисија во ирачката престолнина.

Нападот предизвика стравувања поради можни немири во пресрет на годишнината од атентатот врз генералот Касим Сулејмани, командант на иранската револуционерна гарда, кој беше ликвидиран по наредба на Вашингтон на 3 јануари годинава, недалеку од аеродромот во Багдад.