
(ВИДЕО) Украинскиот амбасадор во ОН чита пораки од убиениот руски војник: „Мамо, се плашам“
Амбасадорот на Украина во ОН, Сергеј Кислиција, на вонредната седница на Генералното собрание на ОН, прочита пораки од убиениот руски војник до неговата мајка.
Мајката го започнала разговорот бидејќи нејзиниот син долго време не одговарал. Таа го прашала дали сѐ уште е на воени вежби и додала дека татко му го прашал дали може да му испрати пакет.
„Мамо, не сум повеќе на Крим, во Украина сум, тука беснее вистинска војна. Се плашам. Ги бомбардираме сите градови, ги гаѓаме и цивилите. Ни рекоа дека Украинците ќе не пречекаат, но се фрлаат под тенкови, не пуштаат да поминеме „Не нарекуваат фашисти. Мамо, ова е многу тешко“, напишал неименуван руски војник пред да биде убиен, пишува Кислиција.