Видео: Вака изгледа кабулскиот аеродром по заминувањето на американската војска – го преземале талибанците

 Видео: Вака изгледа кабулскиот аеродром по заминувањето на американската војска – го преземале талибанците

Талибанските лидери утрово симболично се прошетале по пистата на кабулскиот аеродром каде прогласиле победа. Кабул по заминувањето на американските сили е во целост под контрола на талибанците.

Само неколку часа откако и последниот американски воен авион го напуштил Авганистан, талибанците го преземале кабулскиот аеродром.

Аеродромот бил центар на евакуација последните денови, а талибанците го преземале само 17 дена по влегувањето во Кабул, што значи дека сега во целост го контролираат целиот град.

Талибанските лидери утрово симболично се прошетале по пистата на кабулскиот аеродром каде прогласиле победа.

“Светот веројатно ја научи својата лекција и ова е момент на победа во кој уживаме”, рекол портпаролот на талибанците, Забихула Мујахид, пренесува “AFP”.

“Кабул ќе иде безбеден и луѓето не треба да се грижат”, додал Мујахид и ја отфрлил идејата за привремена влада инсистирајќи дека Кабул е безбедно место.

Мујахид нагласил дека сака добри односи со САД. Талибансите службеници тврдат дека за неколку дена повторно ќе го отвори аеродромот и дека луѓето со визи ќе смеат да ја напуштат државата.

x