Видео: Војници пред Ким со глави кршат бетонски блокови

Видео: Војници пред Ким со глави кршат бетонски блокови

Снимките настанале на егзибиција на одбранбените способности на војската одржана во Пјонгјанг а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун.

На снимките се гледа како војници со рацете и главите уништуваат цигли и плочки. Лежат на парчиња стакло и клинци додека другите војници со маневри кршат бетонски плочи со своите тела.

Големото финале на егзибицијата прикажува двајца војници кои со вратовите виткаат железни шипки и со силата на мускулите ги кинат синџирите со кои им се замотани околу телото.

Севернокорејските медиуми пишуваат дека егзибицијата е приредена за да им се покаже на непријателите дека војниците имаат челични тупаници со кои го штитат мирот“.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds