Видео: Во близина на Петриња се отвораат дупки во земјата

 Видео: Во близина на Петриња се отвораат дупки во земјата

Во селото Меченчани, во округот Сисак-Мославина, во близина на Петриња, Хрватска, започнаа да се формираат големи дупки во земјата.

Дупките се со различна големина, а некои се со дијаметар од неколку метри.

Создадени се десетина дупки на повеќе места, а некои луѓе кои живеат во близина се иселени, објави порталот „Индекс.хр“.

Порталот наведува дека дупките се отвораат затоа што земјотресите влијаат на подземните води. Пред пет дена Петриња ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,2 степени.

>
>