(Видео) Во Црна Гора запленети над 1,5 тони кокаин

 (Видео) Во Црна Гора запленети над 1,5 тони кокаин

Во полициска акција во Подгорица синоќа е запленета рекордна количина дрога, околу 1,5 тони кокаин а неколку лица беа однесени во Безбедносниот центар во Подгорица, објавија црногорските медиуми.

Според неофицијални информации од Полициската управа, дрогата била запленета во магацин во Зета, и како што се наведува, полицијата работи на продолжување на акцијата во насока на лишување од слобода на осомничените.

Тоа е, како што е наведено, веројатно најголемата количина дрога некогаш запленета во Црна Гора.

Полицијата го чува големото количество на дрога, која, според новинарските извештаи, дошла во Црна Гора со контејнерски превоз.

Полицијата досега не се огласи по овој повод, но синоќа присуството на полициските службеници и возила беше видливо на улиците во Подгорица, а беа блокирани и неколку раскрсници.

Инспекторите, како што известуваат регионалните медиуми извадиле кеси со, најверојатно како што пишуваат, пакети со дрога од полициската „марица“.

>
>