ВИДЕО: За малку избегната трагедија во Србија, бандера спаси мајка и дете

 ВИДЕО: За малку избегната трагедија во Србија, бандера спаси мајка и дете

Сообраќајка меѓу две возила можеше да биде кобна за жена и дете кои рано утрово чекаа да го поминат пешачкиот премин во Ваљево.

Како што се гледа на снимката од камерите, на крстосницата нема никој, освен жена и дете кои трпеливо чекаат зелено за пешаци.

Две возила со неверојатна брзина удираат едно во друго и од силината на сударот почнуваат да се ротираат. Удираат во семафорот, покрај кој се наоѓаат жената и детето. На среќа бандерата се затресе, но остана исправена и со тоа спречи автомобилите да ги покосат жената и детето, кои брзо се тргнаа на страна.

>
>