(ВИДЕО) ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАЛ СМРТ: Камион без возач тргнал во рикверц…

 (ВИДЕО) ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГНАЛ СМРТ: Камион без возач тргнал во рикверц…

Маж во Русија избегнал сигурна смрт благодарение на еден колега кој со паметна реакција го тргнал од пријавницата, која камионот „во бегство“ ја срамнил со земја.Според порталот „Life.ru“, инцидентот се случил во московскиот регион Климовска, кога камионот, во кој немало возачи, одеднаш започнал да се враќа назад и се упатил директно кон пријавницата каде се наоѓал мажот.Работникот на паркингот видел дека нема никој зад воланот на камионот, па набрзина истрчал кон пријавницата и го извлекол човекот надвор.

Момент подоцна, товарното возило удрило во тој објект и ја срамнило пријавницата со земја.

>
>