ВИДЕО: Запрепастувачка снимка направена во Њујорк – мајка го спасила синот од киднапирање

 ВИДЕО: Запрепастувачка снимка направена во Њујорк – мајка го спасила синот од киднапирање

Улична камера во Њујорк забележала неверојатен момент.

Камерата го снимила моментот кога петгодишно момче мсреде бел ден било киднапирано во Квинс, пренесува Би-Би-Си.

Маж го зграбил детето пред мајката и го одвлекол до автомобилот. Мајката веднаш тргнала по него и го спасила својот син влечејќи го низ прозорецот.

Обидот за киднапирање се случил во четвртокот вечерта додека мајката шетала по улица со своите три деца.

Мажот кој се обидел да го киднапира бил уапсен.

>
>