(Видео) Жена турна друга жена под воз на подземната станица „Тајмс Сквер“ во Њујорк

 (Видео) Жена турна друга жена под воз на подземната станица „Тајмс Сквер“ во Њујорк

Надзорните камери снимија застрашувачки момент кога една жена турна едно лице во воз што доаѓаше на подземната станица „Тајмс Сквер“ во Њујорк, пренесуваат медиумите во светот.

На видеото се гледа жена како седи на клупа и го чека возот, а кога тој се појавил околу 8 часот и 15 минути таа скокнала и ја турнала својата жртва во него. Потоа се качила во возот мешајќи се со другите патници.

Жртвата, како што пишуваат американските медиуми е 42-годишна жена, која била турната од платформата кон возот додека се приближувала до станицата и се верува дека нападот не бил испровоциран. Жената била пренесена во болница и е во стабилна состојба, а за време на нападот се здобила со повреди на лицето, објави „Дејли Меил“.

Очевидци велат дека жената напаѓач го темпирала својот напад.

„Ова е ужасно“, рече патникот Ц.Ј. Стјуарт.

„Така беше во осумдесеттите години“, рече друг патник.

Осомничената за нападот се уште не е уапсена, известуваат тамошните медиуми. Ова не е прв инцидент оваа година на „Тајмс Сквер“, популарна туристичка дестинација, посочуваат медиумите.

>
>