(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

 (Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно Палестинци, а видеото со десетгодишно девојче од оваа уништена област го потресе целиот свет, јавуваат светските медиуми.

Надин Абдел-Таиф плачеше на сред интервју, покажувајќи на урнатините зад себе во кои беа убиени осум деца и две жени – нејзините соседи.

„Не знам што да правам, имам само 10 години. Не можам повеќе да го трпам ова. Би сакала да бидам лекар и да им помагам на моите луѓе, но не можам. Јас сум само дете“ – рече Надин низ солзи.

„Се плашам но веќе не толку многу. Кога ќе го видам сето ова, буквално плачам секој ден. Тогаш се прашувам, со што го заслуживме ова. Моето семејство вели дека не мразат нас (Израелците). Тие едноставно нас не не сакаат затоа што сме муслимани. Ги гледате сите овие деца околу мене, тие се само деца. Зошто би сакале да фрлите ракета кон нив и да ги убиете. Не е фер“, изјави 10 годишното девојче.

x