Видео:500 години стара џамија во Кичево, изградена од дрво, камен и кал! Жителите внимателно ја чуваат

 Видео:500 години стара џамија во Кичево, изградена од дрво, камен и кал! Жителите внимателно ја чуваат

Изградена пред околу 500 години во селото Гарани, Кичево. Потекнува од 15 век. Целосно е изградена од дрво, камен и кал, а како што може да се види е рачно изработена. Нејзиното минаре е кусо но практично. Историјата говори дека оваа џамија е изградена во времето кога е изградена и џамијата Султан Пајазити во Кичево за која е напишано дека е изградена во 1453. Џамијата е изградена во стариот дел на селото. Овде се молат не само жителите на селото туку и од околните села бидејќи нема друга џамија. Жителите велат дека сега, симболично оваа џамија се користи еднаш во годината.


„Џамијата во селото Гарани односно старата џамија во селото Гарани датира од 15 век и се смета за една од најстарите џамии во Кичево. Селото Гарани има две функционални џамии а оваа ја сметаа за стара џамија која потсетува на многу моменти. Затоа, неколкупати низ вековите е реновирана. Последен пат оваа џамија на иницијатива на жителите од овде и селата е реновирана во 1994“, рече Кујтим Касами, Д-р на науки.


Ваит Хајрулаи внук на имамот на оваа џамија, чичко Ќерим Хајрулаи. Ќерии служел овде од најмлада возраст до последните денови од неговиот живот.


„Мојот дедо работел од млади денови, од кога завршил медреса и бил имам во џамијата, се до последен ден од неговиот живот. И служел на џамијата и селаните од Гарани“, посочи внукот на оџата на џамијата, Ваит Хајрулаи.


Жителите неколку пати ја реновирале оваа џамија трудејќи се да ја зачуваат како спомен за селото од минатото и со 500 годишна историска вредност.


„Јас мислам дека оваа џамија треба да има своја улога, прво важноста и големата историска тежина, бидејќи зборуваме за објект кој е многу стар и ние ќе треба да ја одржуваме како и до сега, дури апелирам за уште поголема грижа кон овој верски објект“, додаде Кујтим Касами, Д-р на науки.


Селото Гарани има уште две други џамии во кои жителите ги вршат верските ритуали, но старата џамија има посебно значење за нив. Нивна голема желба е оваа џамија да се чува и да остане за следните генерации.

>
>