ВИДЕО:Автомобил удри момче на протестот пред Палатата Србија

ВИДЕО:Автомобил удри момче на протестот пред Палатата Србија

Пред Палатата Србија, каде што се одржува церемонијата на доделување на наградите по повод Денот на државноста, започна протестот на повеќе еколошки организации кои бараат со законот трајно да се забрани вадењето на бор и литиум.

 Околу пладне, активисти во помали групи ги блокираа двата булеваво Нов Белград од неколку правци. Силен полициски кордон ги спречува демомнстрантите да се приближат до Палатата Србија. Инцидент се случил на една од раскрсниците кога автомобил кој се обидел да ја пробие блокадата и удрил во млад човек кој бил учесник на протестот.

Автомобилот удрил во младиот човек и неколку метри го носел на хаубата, додека останатите демонстранти удирале по возилото обидувајќи се да го запрат.

Демонстрантите потоа му пришле на младото момче кое паднало од хауба на патот, а тој им рекол дека е добро и дека не е тешко повреден.

  • Мислев дека ќе застане но тој напротив забрза. Мислам дека сум добро, дефинитивно ќе одам на лекар, но нема потреба од брза помош. Ова е мојот трофеј, и затоа бев истраен додека ме возеше на хаубата . рече младиот човек, покажувајќи кон бришачот кој бил скинат од возилото што го удрило.

Тој рече и дека не се плаши, дека „има спремен шатор“ и дека е подготвен до крај да учествува на протестите.

Нешто подоцна, уште двајца учесници на протестот и пријавиле на полицијата дека дека возач во црвена „дачија“ се обидел да ги удри на тротоарот на улицата каде биле насобрани дмеонстрантите

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds