Видео:Макрон доби шлаканица

 Видео:Макрон доби шлаканица

Две лица се приведени откако еден од учесниците на средбата со граѓаните во францускиот департман Дром со Емануел Макрон му удри шлаканица на претседателот на Франција, јавуваат медиумите.

На видеоснимката која стана вирална на социјалните мрежи, може да се види како Макрон во текот на престојот во департманот се упати кон масата локални жители зад заштитната ограда и започнува разговор со нив, ракувајќи се со еден од нив.

Во тој момент мажот нешто му возвраќа и силно го удира по лицето. Припадниците на францускиот челник реагираат брзо, повлекувајќи го Макрон наназад и соборувајќи го напаѓачот на земја.

>
>