ВИДЕО:Најмалку двајца мртви и над 130 повредени во израелска колонија на Западниот брег

 ВИДЕО:Најмалку двајца мртви и над 130 повредени во израелска колонија на Западниот брег

Најмалку двајца верници загинаа а уште 132 се поведени од кои десетина тешко при уривање на трибина во израелска колонија на Западниот брег, соопшти израелската медицинска служба.

Како што известуваат медиумите, се урнала трибина поставена во синагогоата Хасидик во Гивар Зе’ев источно од Ерусалим во неделата попладнето.

Според комесарот за провпожарната и спасувачка служба,м бригадниот генерал Деди Симичи за радиото Kan News, има смртни случаи на местото на несреќата, но не прецизира колку. Првичните извештаи на израелските медиуми укажуваат на најмалки две жртви.

Од синагогата петмина повредени биле евакуирани во тешка состојба, осум биле со умерени повреди, додека 119 лица биле со полесни повреди.

Полицијата објави дека во синагогата имало натискани 600 верници во време на молитвата на почетокот од еврејскиот празнил Шавуот.

>
>