ВИДЕО:Обид за филмско бегство од сообраќајна полиција во Гостивар

 ВИДЕО:Обид за филмско бегство од сообраќајна полиција во Гостивар

Во Гостивар е направено видео од случаен минувач, на кое се гледа дека возачот на автомобилот се обидува да избега, а полиицскиот службеник успева да го спречи.

Имено, маж се обидел да му избега на полициски служеник кој само вршел рутинска контрола на улиците во Гостивар, пренесува „360 степени“.

Од МВР истакнуваат дека попладнево се случил овој настан и за истиот е изготвен записник.

„Во 17.10 часот на ул.Б.Ѓиновски во Гостивар бил лишен од слобода И.Б. (49) од с. Балиндол поради напад на службено лице при вршење на службени дејства. И.Б. е приведен во полициска станица Гостивар и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

x