ВИДЕО:Се степаа пратениците во Косово

 ВИДЕО:Се степаа пратениците во Косово

Тепачка помеѓу пратеници денеска се случила во косовското Собрание. Како што објавија локалните медиуми, пратениците физички се пресметале за време на седницата на која се разговарало за исчезнатите лица.

Ситуацијата станала тензична пред крајот на седницата, додека пратеничката на Самоопределување, Сарада Богујевци, која била иницијатор на седницата, држела говор на говорницата.Заменичката на претседателот на Собранието на Косово, Арберија Нагавци, неколкупати ги предупредуваше пратениците да седнат за да продолжи седницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.