ВИДЕО:Снег паѓа низ цела БиХ

ВИДЕО:Снег паѓа низ цела БиХ

Ненадејниот снег кој од синоќа паѓа во југозападниот дел на БиХ создаде проблеми во сообраќајот, поради тоа што неколку шлепери се заглавени во снегот, на патот меѓу Купрес и Бугојно може да се движат само помали возила.

Како што информираат од Авто-мото сојузот на БиХ, снегот создаде проблеми на повеќе патни правци, особено на планинските превои. Снег падна и во Сараево.

Во текот на ноќта меѓу Бугојно и Купес во снегот заглавиле неколку товарни возила, чии возачи не успеале да ги контролираат возилата поради летните гуми. Само помали возила можат да се движат на овој пат по една лента. Полицијата го насочува сообраќајот на возилата.

На патот кај Невесиње во источна Херцеговина, во снегот се заглавил и шлепер. Поради снегот отежнат е сообраќајот на делниците од Купрес до Ливно и Томиславград, како и на патните правци Јабланица-Пошушје преку паркот на природата Блидиње и меѓу Гламоч и Мркоњиќ Град. Поголема снежна покривка во вториот дел од април е забележана на речиси сите планини.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds