ВИДЕО:Вевчанци се судрија со полицијата поради групно собирање за Василица

 ВИДЕО:Вевчанци се судрија со полицијата поради групно собирање за Василица

Вевчанци се судрија со полицијата откако беа спречени да учествуваат на традиционалните василичарски поворки без почитување на мерките за заштита од коронавирус.

Инцидентот настана кога полицијата се обиде да спречи групирање за традиционално славење на Василица, по што неколку мажи ги нападнаа полицајците.

Власта апелираше годинава да не се одржи традиционалниот Вевчански карневал иако на василичарите не може да им забрани да ја тераат традицијата.

Од општина Вевчани рекоа дека тие немаат право да се мешаат дали ќе има поворки на василичарските друштва, но апелираа да нема групно собирање, да нема посети на домовите и да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести.

Во селото има зголемо присутво на полицајци.

извор:sdk.mk

>
>