(Видео)Жестоки судири: Демострантите во Италија речиси влегоа во канцеларијата на премиерот

(Видео)Жестоки судири: Демострантите во Италија речиси влегоа во канцеларијата на премиерот

Илјадници демонстранти маршираа денеска во главниот град на Италија, Рим, а многу од нив се судрија со полицијата.

Тие протестираат затоа штос е противат на владината уредба според која мора да се вакцинирани или да имаат негативен ПЦР тест за да работат, од следната недела.

Вакциналниот сертификат во Италија, почнува да важи од 15 октомври за сите државни и приватни претпријатија, потсетува АП.

Демонстрантите одржаа бучен, но одобрен протест на народниот плоштад, а по напуштањето на големиот плотад дојде до судири со полицијата, кога поминуваа кон блискиот парк, што се сметаше за недозволена прошетка.

Полицајците со штитови и пендраци ги блокира демонстрантите да поминат покар улицата во чија блзина е канцеларијата на премиерот Марио Драги, но една група се проби и за малку не успеа да стигне до неговото работно место.

Тогаш полицијата употреби водени топови, формира линија и ги одби демонстрантите да не влезат во седиштето на италијанската влада.

Државната телевизија РАИ наведе дека имало најмалку 10.000 луше, додека организаторите тврдат дека ги имало 100.000 на демонстрациите, а најмалку едно лице е повредено.

Меѓу демонстрантите беа и припадници на екстремно-десничарската група Порца нова.

Во Оталија до денеска се вакцинирани повеќе од 80 отсто од луѓето над 12 години и повеќето се ревакцинирани.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds