Викендов треба да почне монтажа на модуларната болница во Струга

 Викендов треба да почне монтажа на модуларната болница во Струга

Контејнерите со материјали за модуларната болница за пациенти позитивни или со симптоми на Ковид-19 во Струга треба да пристигнат денеска, а викендов ќе почне да се монтира, информира директорот на Општа болница Струга Мухамед Асани.

Теренот за поставување на монтажната болница, според него, е подготвен. Поставени се инсталации за приклучоци на вода, струја и канализација.

Објектот ќе се протега на површина од 600 метри квадратни. Предвидени се 35 кревети со цела опрема за пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, како и лабараторија, изјави Асани.

Во моментот, како што информира директорот, во двата ковид-центри, во Струшката болница, односно во Интерното и во Детското одделение, хоспитализирани се 40-тина пациенти, од кои најголемиот дел се на кислородна поддршка. Според него, состојбата со коронавирусот во Струга и Струшко е стабилна и бројот на пациенти стагнира.

извор:OhridNews