
Визер ги откажа летовите за Милано, Бергамо и Тревизо до 3 април
Визер го откажа денешниот лет од Скопје за Тревизо (Венеција) по декретот на италијанската Влада со кој цела Ломбардија и 14 други северни провинции се ставени во карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. Во зоната на ограничено движење спаѓаат и Милано и Венеција, северноиталијански градови до кои унгарскиот нискобуџетен превозник има редовни линии за Скопје.
Компанијата соопшти дека ги суспендира сите летови кон Милано, Бергамо и Тревизо до 3 април.
Летовите од Скопје за Рим не се откажани.