• 10/07/2020
 ВизЕр ги суспендира сите летови кон и од Македонија до 14 јуни

ВизЕр ги суспендира сите летови кон и од Македонија до 14 јуни

Ниско-буџетната авиокомпанија ВизЕр најави дека ќе ја продолжи суспензијата на сите летови до земјава до 14 јуни поради продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Македонија.

Како што објаснија во соопштение до јавноста, патниците со резервирани билети погодени од овие летови што ги направиле резервациите директно на wizzair точка com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.

Компанијата информира и додава дека 120 проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката кои ќе може да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Виз Ер.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Виз Ер, стои во соопштението, искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет.

Digiqole ad

Можеби ке те интересира