„Визер“ ја поврзува Македонија со уште два европски града

 „Визер“ ја поврзува Македонија со уште два европски града

Летовите ќе почнат да се изведуваат од декември, а билетите се веќе пуштени во продажба со почетни цени од 1 299 денари

„Визер“ најавува две нови меѓународни линии од Македонија до Италија (Торино и Болоња), почнувајќи од декември. Летовите од аеродромот во Скопје до Торино ќе почнат да се изведуваат од 18 декември 2021 година со две неделни лета (вторник и сабота), а оние до Болоња ќе почнат од 19 декември. Билетите се пуштени во продажба од денеска со почетни цени од 1 299 денари, стои на веб-страницата на авиокомпанијата.

Поаѓањето од Скопје е во 6:45 часот, а пристигнување во Торино во 8:55 часот; поаѓањето од Торино е закажано за 9:25 часот, а пристигнувањето во главниот град на Македонија е во 11:25 часот.

За Болоња се тргнува во 13:40 часот, а пристигнувањето е во 15:25 часот, поаѓањето оттаму за Скопје е закажано за 16 часот, а пристигнувањето е во 17:40 часот.

„Горди сме што ги објавуваме овие две нови линии од Италија за дестинација полна со харизма и чекаме да бидат откриени, нови летови кои уште повеќе ќе ја интензивираат интеркултурната размена меѓу земјите. ‘Визер’ сериозно ја сфаќа благосостојбата на своите клиенти за да можат да уживаат во безбедно и непречено искуство при патување со нашата модерна флота“,вели Андрас Радо, виш менаџер за комуникации на „Визер“, пренесува „Торино тудеј“.
x