• 20/09/2020

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми за уште 651

 Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми за уште 651
loading...
Advertisement

Италија не може да ги спречи смртните случаи во земјата предизвикани од новио тип на коронавирусот (Ковид-19).

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми за уште 651 лица и достигна 5 476 пациенти. Внатрешниот транспорт во земјата е ограничен, а на граѓаните им беше забрането да излегуваат вон територијалните граници на општината. Моментално над 60 илјади Италијанци се заразени од коронавирусот.

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани нови 394 смртни случаи од коронавирус, така што вкупниот број на пациентите кои што умреа од Ковид-19 изнесува 1720. Кај 79 годишниот тенор на Шпанија Пласидо Доминго и сопругата беше забележан коронавирусот (Ковид-19). Доминго во објавата преку профилот на друштвените медиуми истакна дека засега се дома во карантин.

Бројот на смртните случаи од новиот тип на коронавирусот во Франција се зголеми на 674. Со пораст од 1559, вкупниот број на заразени во земјата достигна 16 018 заразени пациенти. Од друга страна пак, Националното собрание на Франција во рамките на поефективната борба против епидемијата во земјата, го одобри нацрт-законот со кој се предвидува прогласување вонредна состојба во сферата на здравството.

Портпаролот на Владата на Германија Штефен Сејберт во која земја бројот на смртните случаи се зголеми на 93 лица рече дека по вакцината за пневмонија која во петокот и беше направена на канцеларката Ангела Меркел, тестот на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) бил позитивен, поради што канцеларката одлучила да се повлече во карантин. Меѓудругто во земјата беше прогласена забрана за собирање на повеќе од две лица на едно место освен за семејствата и лицата кои живеат во иста куќа.