Вкусен десерт од урми и мандарини

 Вкусен десерт од урми и мандарини

Мандарините и урмите носат бројни придобивки за вашето тело, а комбинацијата на овие две овошја е совршена за есенскиот и зимскиот период од годината, кога е особено важно да се заштити и дополнително зајакне имунитетот.

Подготовката за овој десерт ќе трае вкупно 15 минути, а ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • 200 грама урми
  • 1 литар сок од мандарина
  • цимет
  • морско оревче
  • каранфилче
  • 1 лажичка слад
  • 2 лажички какао.

Урмите и лимоновиот сок измешајте ги во блендер, потоа додадете какао и зачините цимет, морско оревче и каранфилче и тоа количински по ваш вкус. Во сето тоа додајте слад и блендирајте додека не добиете хомогена смеса. Десертот можете да го комбинирате со ореви и други јаткасти плодови, или пак карамела или мед, а исто така можете да го користите и како намаз.

Мандарините се богати со витамини А, Б и Ц, калиум, фолна киселина, магнезиум, калциум и железо – поради што значително ќе го зајакнат вашиот имунитет за време на сезоната на настинка и грип. Од друга страна, урмите содржат витамини Ц и Д, помагаат во губењето на тежината, богати се со антиоксиданси и ги подобруваат здравјето и работата на мозокот.

x