• 22/09/2020

Владата ги задолжи институциите најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО

 Владата ги задолжи институциите најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО
loading...
Advertisement

Македонската Влада  на својата 169-та седница ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за светско културно и природно наследство на Охридскиот регион и ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО.

– Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година, се наведува во владиното соопштение.

Исто така, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја има предложено Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017-та година.

Извор:Strugaonline