
Владата и годинава со ваучери за одмор ќе го поддржува домашниот туризам
Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, порача денеска од Охрид министерот за економија во Владата на Република Македонија Крешник Бектеши.
Тој посочи дека станува збор за владина мерка за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања.
– Во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши.

Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира.
– Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши. (Крај)
извор: ОхридПрес