Владата одлучи: Недела ќе биде неработен ден за сите

 Владата одлучи: Недела ќе биде неработен ден за сите

Владата ја прифати иницијативата: денот недела да биде прогласен за неработен ден!

Го задолживме Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање.

Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе.