Влез во Словенија без карантин и за вакцинираните со „спутник В“ и „Џонсон и Џонсон“

 Влез во Словенија без карантин и за вакцинираните со „спутник В“ и „Џонсон и Џонсон“

Словенечката влада изврши неколку измени во ограничувачките мерки на границите, вклучувајќи ја и дозволата за влез во земјата без карантин за лицата кои ја примиле вакцината „спутник В“ или на „Џонсон и Џонсон“, под услов да ја примиле првата доза пред најмалку 21 ден.

Влегување без карантин или бесплатен тест веќе беше возможно за оние кои имаа документ дека биле вакцинирани со „Фајзер“, „Модерна“ или „Астра зенека“.

На седницата во средата, владата исто така одлучи да го зголеми времето на транзит низ Словенија од шест на 12 часа и на списокот ги додаде работите поради кои луѓето можат да да влезат итно без карантин или да бидат тестирани бесплатно на влезот.

Учениците постари од 15 години кои ја преминуваат границата секој ден и луѓето што ги носат на училиште повеќе нема да мора да се тестираат на неделно ниво, доколку се вратат во Словенија веднаш по оставањето на учениците во странство.

Без карантин или со негативен ПЦР-тест во во претходните 72 часа можат да влезат лицата од Европската Унија, ако работат како чувари или домашни помагатели на лица на кои им е потребна помош или работат на одржување на приватен имот што го поседуваат, изнајмуваат или користат.

Португалија и Велика Британија се симнати од црвената листа, додека имаше промени за одредени административни единици на Данска, Финска, Франција, Италија, Норвешка и Шпанија.

>
>