
ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга и Ресен, СДСМ во Чаир и Кисела Вода
Партиите денеска продолжуваат со предизборните активности во рамки на изборната кампања за Локалните избори
- ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се сретне со жителите на Вевчани, Дебарца, Струга и Ресен. Активностите на партијата започнуваат од 16:30 часот.
- Централниот караван „Најдоброто за мојата општина” денеска е во главниот град.
Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општина Чаир и општина Кисела Вода, а вечерва ќе учествува на предизборната конвенција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Град Скопје во паркот Ибни Пајко со почеток во 20.30 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван денеска ќе биде во општина Петровец, каде заменик претседателката Сања Лукаревска ќе се обрати на граѓанска трибина на плоштадот во Петровец со почеток во 18.00 часот.
ДУИ кампањата ја продолжува во Тетово.