• 23/09/2020

Вмро Дпмне-Струга:Одговор на реакцијата на ОО на СДСМ,Струга

 Вмро Дпмне-Струга:Одговор на реакцијата на ОО на СДСМ,Струга
loading...
Advertisement

Би сакале во следниов текст да им објасниме на ОО на СДСМ-Струга како стојат работите затоа што очигледно, светот го гледаат низ призмата на розовите очила на СДСМ, а кои се далеку од вистината и реалноста.

Е па, почитувани од СДСМ, доколку сакате да зборуваме за проекти, сега ќе ви кажеме како се прават проекти за напредна и успешна држава.

Ќе почнеме со:

✔ Реконструкција на болницата во Струга;

✔20% повисоки плати во здравството за сите;

✔Ревидирање на позитивната листа, повеќе бесплатни лекови за ранливите групи;

✔Унапредување на македонскиот јазик како наше идентитетско обележје;

✔Изградба на 20 нови и реконструкција на 50 училишта;

✔Поголеми плати за наставниот кадар во основното и средното образование;

✔Сончев колектор за домаќинствата;

✔Енергетска обнова на домовите;

✔Целосна дигитализација за нула корупција во катастарот;

✔150 километри нови експресни патишта;

✔2.000.000.000 евра за инвестиции во патишта;

✔Зголемување на просечната плата за 25%;

✔Зголемување на просечната пензија за 20%;

✔Раст на БДП повеќе од 4% годишно;

✔Рамен данок до 8%;

✔0% персонален данок за млади до 29 години;

✔Невработеност под 10%;

✔300 милиони евра инвестиции во нови водоводни и канализациони мрежи и уште многу други проекти.

Гледаме вешто сте ги одбегнале одговорите на сите прашања, па заобиколувате и напаѓате луѓе кои се светлосни години пред вас!

Како прво, професорката Гордана Силјановска Давкова е врвен експерт по право, од која Вие сте учеле додека сте студирале, но очигледно е дека слабо сте научиле, па видно сте исплашени затоа што знаете дека ќе одговара секој кој се огрешил пред Законот и Уставот на Република Македонија!

Како второ, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Струга, Мирче Аџиоски и Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески се чесни и почитувани луѓе во Струга, па се исплашивте од пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, наспроти вашата листа на пратеници, секако, доколку ја имате конечно дефинирано и доколку знаете кои ќе ви се пратеници, а се разбира, и доколку знаете кои ќе бидат “ваши” пратеници од БЕСА и ПЕИ. Немате ништо ново да понудите, секогаш сте со истиот состав, со тимот кој убедливо губи и за нив “некои прашања, не заслужуваат одговор”.

И кога сме кај Александар Николоски, да не се залажуваме и да не се потпираме на вашата фабрика за креирање лаги и манипулирање. Вие многу добро знаете кој од СДСМ е замешан во случајот Рекет и кој ги држи конците.

Затоа и бегате од дуели, по стапките на вашиот лидер Зоран Заев. Силни сте само на тастатура, а ние не бегаме од одговорност! Дуел може да имаме, кога сакате и каде сакате, со вашите кандидати за пратеници кога ќе дознаете кои се, но можете и вие да дојдете на припомош затоа што сите на купче ќе ве победиме!

Но, најважниот дуел ќе го имате на 12 април, со македонскиот народ кој ќе ве нокаутира за сето зло и неправда што и ги нанесовте на Република Македонија!

Обновата доаѓа!

Време е за подобро утре и стабилна Република Македонија!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга