Во 3:33 часот кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Филипче: Горд сум на моите колеги!

 Во 3:33 часот кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Филипче: Горд сум на моите колеги!

Министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук објави дека успешно е трансплантирано срцето донирано од млада пациентка, кај 22-годишно момче.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, напиша Филипче на својот профил на „Фејсбук“.

>
>