
Во 35 општини изборите завршија уште во првиот круг
Изборите завршија уште во првиот круг во 35 општини покажуваат официјалните бројки на ДИК заклучно со 14 часот. Според податоците кои се на сајтот на државната изборна комисија во првиот круг ВМРО – ДПМНЕ во првиот круг победи во 22 општини, СДСМ во девет, ДУИ во три и Демократската партија на турците во една општина
Од поголемите градови изборите завршија во Штип, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Велес како и во скопските општини Гази Баба и Бутел. Во оваа категорија апсолутен победник е ВМРО ДПМНЕ кои победија во Штип, Кавадарци, Прилеп и Велес како и во Гази Баба и Бутел.
ДУИ очекуванмо победи во Липково, Сарај и Пласница додека кандидатот на Демократската партија на Турците победи во центар Жупа.
Владечаката СДСМ во првиот круг победи и во Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани и Крушево. ВМРО ДПМНЕ пак однесе победа во Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновци, Карбинци, Могила, Неготино, НОваци, Петровец, Свети Никола и Сопиште.
Неколку градоначалници буквално ги прегазија своите опоненти во првиот круг осовојувајќи над 70 отсто од гласачите.
Тоа е триото на ДУИ Алија Јајоски кој во Пласница освои 76,56 осто од гласовите, Блерим Беџети кој во Сарај освои 73,1 отсто од гласовите и Еркан Арифи кој доби 72,59 отсто од гласовите. ПОтоа следува Митко Јанлчев во Кавадрци со 72,35 отсто освоени главоси и Аријан Ибраими ово центар Жупа со 71,16 отсто освоени главои.
Во неколку поголеми општини како што се скопските Аеродром и Ѓорче Петров каде еден од кандидатите има убедлива предност и повеќе од извесна победа во првиот круг гласовите сеуште се бројат но ќе финишираат во текот на денот.
Втор круг на локалните избори ќе има во четириесетина општини.Битката ќе се води најчесто меѓу кандидатите на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ а со предност во повеќето случаи влегуваат опозициските кандидати. Жестока битка меѓу кандидатите се очекува во Тетово, Куманово, Кичево, Струга и Гостивар каде разликата во гласовите на кандидатите кои одат во вториот круге од неколку десетици до две и пол илјади гласа. Втор круг ќе има и за градоначалник на Скопје како и за скопските општини Карпош и Центар.
Тесната разлика во гласовите ќе го отвори патат за нови предизборни соработки и поддршки меѓу партиите и ќе биде вистински тест за посточеките колации.