Во Албанија убиен полициски офицер при контрола на парцели со канабис

Во Албанија убиен полициски офицер при контрола на парцели со канабис

Полициски офицер од секторот за криминал е застрелан претпладнево во момент кога заедно со други колеги биле на работна задача во откривање на парцели со канабис.

Инцидентот се случи во 10:30 на осторовот Лежа кога од огнено оружје е пукано врз полциска група која била во контрола на тоа подрачје, во рамки на акцијата за елиминирање на одгледувањето на наркотични растенија. Тешко е повреден полицисикот офицер Саимир Хоџа (44) кој им подлегна на повредите на пат кон регионалната болница во Лежа, се наведува во полициското соопштение.

Областа е блокирана од големи полициски сили, меѓу нив и припадници на специјалната единица за брзи интервенции, а на местото на настанот е и генералниот директор на полицијата Анди Велиу и истражна екипа.

Хоџа, кој имал релативно подолга кариера во полицијата, бил оженет и е татко на две малолетни деца.

Полицијата веќе го идентификувала убиецот, за кого се верува дека се уште се крие во близина на подрачјето каде се случил инцидентот

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds