Во Албанија без тест и ковид сертификат

 Во Албанија без тест и ковид сертификат

Министерството за надворешни работи на Албанија соопшти дека за влез во земјата не е потребен негативен тест за коронавирусот или какви било посебни документи, пренесува Инфо.мк

Министерството наведува дека границите на Албанија ќе бидат отворени за сите албански и странски државјани за време на туристичката сезона.

Од 1 јуни во Албанија веќе не е задолжително да се носат маски надвор, додека тие ќе продолжат да се носат во затворени простории и на места каде што не е можно да се одржува социјална дистанца.

>
>