Во Албанија повеќе ново оздравени од ново заразени со „Ковид-19“

Во Албанија повеќе ново оздравени од ново заразени со „Ковид-19“

Во последното деноноќие, во Албанија, регистрирани се повеќе ново оздравени пациенти отколку ново заразени со „Ковид-19“. Според Министерството за здравство и социјална заштита ново заразени се седум, со што вкупната бројка сега изнесува 773, додека во списокот на оздравени се впишани уште 15 или вкупно 470 лица. Сеуште активни на Ковид-19 се 272 пациента, додека до сега починало 31 лице, но сите боледувале и од други болести.

„Информираме дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хопситализирани се 36 пациенти,од нив седуммина се на интензивна терапија, од кои еден во тешка сосотјба,- стои во соопштението. До сега во земјата тестирани се 8.253 сомнителни случаи или за 225 повеќе од вчера

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds