
Во Амстердам прв пат е учен езанот преку звучник
Нурдин Вилдман, гласноговорникот на заедницата на оваа џамија, за Агенција Анадолија изјави дека се среќни и горди што овој петок е слушнат езанот
АМСТЕРДАМ (АА) – Во Амстердам за прв пат преку звучник е пуштен езан, повикот за молитва кај муслиманите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Сината џамија во холандската престолнина каде се молат повеќето марокански муслимани, денес, и покрај опструкциите од минатата седмица, пуштен е езан кој ги повка верниците на џума-намаз, петочна молитва на муслиманите.
Амстердам тогаш го отфрли барањето на управата на џамијата езанот да се пушта преку звучници.
Како што наведуваат локалните медиуми, Градското собрание донесе одлука со која не го поддржа предлогот езанот од џамијата во Амстердам да се пушта преку звучник.
Кон почетокот на октомври оваа година во Амстердам е покрената иницијатива овој холандски град да ја добие првата џамија во која езанот, повикот за молитва, би се пуштал преку звучник. Меѓутоа, денес граѓаните на тоа подрачје излегоа на улиците за да го слушнат езанот преку звучници во џамијата цо овој холандски град. Некои и со телефон го снимаа првото учење на езанот.
Нурдин Вилдман, гласноговорникот на заедницата на оваа џамија, за Агенција Анадолија изјави дека се среќни и горди што овој петок е слушнат езан, кој бил спречен минатата седмица.
Вилдман потсети дека езан преку звучник се слуша во седум отсто од џамиите во Холандија но дека тоа не бил случај во Амстердам, сѐ до денес кога прв пат е слушнат.
„Постојат различни реакции на жителите за езанот преку звучник. Иако има и критики, генерално се позитивни коментарите. Ние сме муслимани кои живеат во Амстердам, ова е наша куќа и поради тоа сме дел од овој крај”, рече Вилдман.
Урсула ван Спронсен, една од граѓанките на Амстердам, која денес беше на улица, изјави дека е многу убаво да се слушне езанот.
„Го слушав и кога беше отворањето на џамијата. Многу ми се допадна. Живеам близу џамијата”, рече Спронсен.
Езанот не е пуштан преку звучник бидејќи се пресечени каблите кои биле поставени на кровот на џамијата.
Имамот на џамијата Јасин Елфуркани претходно во изјава за медиумите рече дека верува дека со ова религијата ислам на најддобар начин би ја претставиле во Амстердам.
Идејата веднаш наиде на остри критики и коментари во холандската јавност, посебно на социјалните мрежи а најгласни се од радикално десничарската и евроскептичната холанска Слободарска партија (PVV) која ја предводи Герт Вилдерс.
Муслиманскиот повик на молитва во Холандија има ист статус кон законот како и црквените ѕвона, но сепак градските совети имаат овластувања да воведат ограничувања.
Во Холандија, во која со уставот е предвидено да се овозможи слободно живеење според верските уверувања, законот регулиран во осумдесеттите дозволи повикот на молитва да се регулира според сопствено верување. Во градот Лердам, на пример, во локалната џамија е дозволено езан за петочна молитва да се пушта преку звучници.
Сепак, повикот за молитва секој ден, како што е во џамијата Улу во Утрехт, е исклучително ретка пракса во таа земја. Во Холандија има околу 500 џамии.
извор: Агенција Анадолија (АА).