Во Австралија пронајдено 3-годишно дете кое со денови било само во дивина

 Во Австралија пронајдено 3-годишно дете кое со денови било само во дивина

Тригодишно дете денеска е пронајдено живо и здраво три дена откако исчезнало од руралниот имот на своето семејство Нов Јужен Велс, сојузна држава на истокот на Австралија, изјавиле од полицијата.

Детето било забележано од хеликоптер денеска, речиси 72 часа откако последен пат било видено на руралниот имот во Пути, на околу 110 километри северозападно од Сиднеј, соопштила полицијата во Нов Јужен Велс.

Објавена снимка од детето

Детето е повторно обединето со родителите, а го прегледале лекари од итната помош, било објавено во соопштението.

Полицијата исто така објавила и снимка од детето, како пие вода од поток.

“Ова е добра новинарска приказна”, рекла полициската инспекторка Трејси Чапман додавајќи дека фактот што детето се наоѓало толку блиску до вода му дало можност за преживување.

Температурите во текот на ноќта биле под 3 степени Целзиусови

Кога детето исчезнало, започнала голема спасувачка операција во која учествувале полицајци на мотори, кучиња, полицајци на коњи, нуркачи и полициски хеликоптер, како и стотина волонтери од службите за вонредни ситуации.

Локалните медиуми известиле дека детето, кое има аутизам и не зборува, преживеало три вечери само во грмушки на температури кои паѓале под 3 степени Целзиусови.

“Се чеша од пелените, го изгризале мравки, паѓал, но жив е”, рекол неговиот татко за локалните медиуми.

>
>