Во Австрија на полноќ стапува во сила забрана за движење на невакцинираните граѓани

Во Австрија на полноќ стапува во сила забрана за движење на невакцинираните граѓани

Влада на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните луѓе против Ковид-19, што стапува во сила на полноќ.

На сите невакцинирани граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во следните 10 дена, освен за основни активности, одење на работа, во продавница или на прошетка, или на вакцинирање.

Според австриската Влада мерката е донесена со цел да се намали бројот на смртни случаи и да се спречи преоптоварување на болниците.

Канцеларот Александер Шаленберг изјави дека одлуката за „заклучување“ на невакцинираните граѓани е донесена бидејќи работата на Владата е да ги заштити граѓаните.

Забраната ќе ги погоди околу два милиони од 8,9 милиони Австријци. Во случај на кршење на забраната невакцинираните граѓани ќе можат да бидат казнети и парично до 1.450 евра.

Во Австрија вакцинирани се околу 65 проценти од граѓаните, а изминатите недели забележан е раст на новозаболени со Ковид-19.

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds