Во Австрија од денеска се укинува полицискиот час

 Во Австрија од денеска се укинува полицискиот час

Од денеска во Австрија веќе не е во сила повеќемесечниот полициски час, што беше воведен како епидемиолошка мерка во борбата против корона вирусот.

Министерството за здравство издаде указ според кој веќе нема полициски час.

Во Австрија почнувајќи од 3 ноември, со исклучок на периодот околу католичкиот Божиќ, во сила беше полициски час меѓу 20 и 6 часот наутро.

Во тој период, граѓаните требаше да останат во своите четири sида и да излегуваат надвор само ако требало да одат на работа, да купуваат, да им помагаат на другите или да шетаат, без придружба на луѓе од друго домаќинство.

Укинувањето на полицискиот час е подготовка за големото олеснување на мерките што ќе следат од среда, кога повторно ќе се отворат угостителството, хотелите, културните институции и спортот.

>
>