Во четврток и петок посвежо и променливо време – поголемо затоплување и Стабилизирање на времето за време на викендот

 Во четврток и петок посвежо и променливо време – поголемо затоплување и Стабилизирање на времето за време на викендот

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа утре и во петок ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд но со послаб интензитет. Особено во петок ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Стабилизирање и поголемо затоплување на времето ќе имаме за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

x