Во Грција дојде зима. Времето полуде во април: Во еден дел од земјата паѓа снег, а во друг дел одат на плажа (видео)

 Во Грција дојде зима. Времето полуде во април: Во еден дел од земјата паѓа снег, а во друг дел одат на плажа (видео)

Метеоролозите за утре најавуваат зголемување на температурите во Грција, а во некои делови на земјата се можни одрони.

Времето во Грција изгледа како да е полудено кон средината на овој април, па затоа во некои делови е лето и високи температури, додека во други региони има снег како да е зима.

Имено, според порталот „Newsbeast.gr“, во регионот на Лерин паѓа снег како да е јануари, а на социјалните мрежи се појавија видеа каква е снежната состојба во леринскиот крај.

Во исто време, температурите во некои делови на Грција потсетуваат на летото.

Според тамошните медиуми, таков е случајот со Крит, каде што беа регистрирани дури 28 степени Целзиусови.

>
>