Во Хрватска повредени двајца полицајци, напаѓачите во бегство

 Во Хрватска повредени двајца полицајци, напаѓачите во бегство

На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој се зарази со новиот коронавирус, лекарите му го продолжија престојот во самоизолација.

Владата соопшти дека премиерот ќе остане во самоизолација уште неколку дена. Пленковиќ, велат тие, ќе работи од дома за тоа време, поради се уште присутните поблаги респираторни симптоми.

„Премиерот се чувствува добро и нема температура. За време на целиот период на изолација, кој започна во саботата, 28 ноември, тој работеше секојдневно и континуирано од дома, извршувајќи ги сите свои активности и должности“, соопшти Владата.

Пленковиќ е во самоизолација од 28 ноември, откако неговата сопруга беше инфицирана со Ковид-19. Два дена подоцна и тој доби позитивен тест за вирусот.