• 24/09/2020

Во Италија уште еден починат од коронавирусот, вкупно четворица

 Во Италија уште еден починат од коронавирусот, вкупно четворица
loading...
Advertisement

Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија.