
Во Италија во последните 24 часа најголем број починати од април
Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починаа 731 лице, што е најголем број на смртни случаи од 3 април. Потврдени се 32.191 нов случај, што е речиси за 5.000 повеќе од претходниот ден, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Тестирани се 208.458 лица. Италија е најпогодената европска земја од вирусот со 46.464 смртни случаи. Најголем број случаи во последните 24 часа се потврдени во регионот Ломбардија – 8.448, двојно повеќе отколку вчера.