Во Италија за еден ден 353 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од 6 мај

 Во Италија за еден ден 353 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од 6 мај

Во Италија за еден ден 353 смртни случаи од Ковид-19, најмногу од 6 мај

– Бројот на смртни случаи од коронавирус во Италија денеска се зголеми за 353, што е најголема бројка од 6 мај, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Вчера бројот на смртни случаи беше 233.

Вкупниот број починати од Ковид-19 во Италија сега е 39.412, објави порталот „Ворлдметерс“.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 28.244 нови случаи на коронавирус, што е значително повеќе од вчерашните 22.253 нови инфекции.

Вкупниот број лица заразени со Ковид-19 во Италија е 759.829.