Во италијанско гратче родено првото бебе по осум години

 Во италијанско гратче родено првото бебе по осум години

Прекрасни вести доаѓаат од местото Мортероне во Ломбардија, каде што осум години не се родило ниедно бебе. Сега бројот на жители на ова мало место во планинскиот дел на Ломбардија порасна на 29.

Момчето Денис беше родено во неделата, а како што вели градоначалникот на местото, ова е радост за целата заедница.

Родителите ја објавиле радосната вест за раѓањето на момчето на традиционален начин – поставиле сина лента на вратата од куќата. Последното бебе што се родило во градот било девојче, во 2012 година.

Иако ова место се наоѓа во Ломбардија, беше поштедено од епидемијата.

Денис се роди по само неколку недели од објавувањето на официјалните демографски податоци што покажале дека во Италија била забележана најниската стапка на раѓање од 1861 година, кога  почнале да се запишуваат податоците.